Консеисао со први импресии од работата во Милан: Фудбалерите се подготвени да учат

Дерби

02/01/2025

12:54

1.165

Големина на фонт

а а а

Милан се подготвува за утрешното Суперкуп полуфинале со Јувентус, а новиот тренер Серџо Консеисао нема многу време за да имплементира дел од својата филозофија во пресрет на дербито кое ќе се игра во Саудиска Арабија.

Португалскиот стручњак го најавил утрешниот дуел со прес-конференција и ги споделил првите импресии од заедничката работа со фудбалерите на Милан.

– Дојдов во екипа која е скромна и сака да учи, да го разбере она што тренерот го бара од фудбалерите.

– Тоа е добра основа за квалитетно да ја завршиме нашата работа, а сега ни останува да најдеме начин да постигнеме голови против Јувентус кој сезонава има малку примени голови.

– Ќе беше добро да имаме повеќе време за подготовка, но нема простор за правдање бидејќи тоа го знаев уште кога ја прифатив работата. Во големите клубови важни се само победите, а ние ќе се обидеме да дојдеме до првата веќе утре, – рекол Консеисао.