Швајцарците на чекор до овозможување бесконечно производство на чоколадно од делче зрно од какао

Точка

27/12/2024

21:34

2.210

Големина на фонт

а а а

За многумина чоколадото е неизоставен дел од новогодишните празници. Меѓутоа, одгледувањето класичното какао има своја горчлива страна. Поради тоа, една швајцарска стартап компанија работи на алтернативата – производството на какао во прав во биореактор.

Станува збор за компанијата „Food Brewer“, чиј состав на какао е деловна тајна. Она што не е тајна е дека од костариканското какао извлекуваат клетки кои повторно растат во биореакторот, односно се добива какао во прав кое може да се користи за производство на чоколадо или намаз. Целта на „Food Brewer“ е да го индустријализира овој начин на производство на какао во прав.


Според коосновачот на споменатиот стартап, Кристијан Шауб, овој процес може да се користи за бесконечно производство на чоколадо и тоа само од делче од зрно од какао. Со Шауб, кој е инженер, соработуваат и оние кои се занимавале со производство на пиво, бидејќи нивното искуство е многу добредојдено. Во догледна иднина, „Food Brewer“ ќе се посвети и на одгледување на жито.


Меѓутоа, пред тоа сакаат да го индустријализираат производството на какао во прав во биореактор. За да успеат во тоа, тие тестираат зрна какао кои се особено погодни за производствениот процес. Шауб верува дека ќе успее во својот план. Инаку „Food Brewer“ не е единствената компанија која се занимава со производство на какао во прав во биореактор. Вакви компании постојат и во други делови од Швајцарија, Европа и Соединетите Американски Држави.


Шауб очекува дека првото какао во прав произведено на овој начин ќе биде достапно на американскиот пазар. Тој уверува дека тоа не ги загрозува традиционалните одгледувачи на какао во Африка, Азија и Латинска Америка. Тој рече дека нивната цел е само да го намалат јазот меѓу понудата и побарувачката, пишува „tagesschau“.