Контроверзниот милијардер Илон Маск повторно ја нападна Википедија, поради нејзините „левоориентирани“ уредници.
Илон Маск на платформата "Х" објави дека корисниците треба да престанат да донираат на Википедија, посочувајќи дека „координирана кампања предводена од околу 40 уредници на Википедија доведе до делегитимирање на Израел …“
Според неговото мислење, донациите за Википедија треба да се прекинат бидејќи платформата дозволила да биде злоупотребена и контролирана од „левоориентирани“ активисти.
Wikipedia is controlled by far-left activists.
— Elon Musk (@elonmusk) October 25, 2024
People should stop donating to them. https://t.co/Cjq2diadFY
Ова не е прв пат Маск да ја нападне Википедија за наводни злоупотреби, а во октомври 2023 година и даде „непристојна“ понуда на платформата.
Маск тогаш на Твитер објави дека ќе ѝ даде на Википедија милијарда долари, но само под еден услов – ако го смени името во Дикипедија. Тој додаде дека оваа понуда сè уште важи.