Трамп се противи на забраната на „Тик-ток“

Макфакс

28/12/2024

09:38

505

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп го повика Врховниот суд на САД да го запре спроведувањето на федералниот закон за „Ток-ток“ што ќе доведе до забрана на популарната социјална мрежа или присилна продажба, и рече дека како претседател ќе бара политичко решение за проблемот .

„Тик-ток“ и неговиот сопственик ByteDance се борат да ја задржат популарната апликација достапна во САД, откако Конгресот во април гласаше за забрана, освен ако кинеската матична компанија не го продаде до 19 јануари.

Тие бараа да се укине тој закон, а Врховниот суд се согласи да го разгледа случајот.

Меѓутоа, доколку судот не пресуди во корист на ByteDance и продажбата не се случи, апликацијата би можела да биде забранета во САД на 19 јануари, ден пред Трамп да ја преземе функцијата.

„Овој случај претставува невидена, нова и сложена тензија помеѓу правото на слобода на говор, од една страна, и загриженоста за надворешната политика и националната безбедност, од друга“, рече Трамп во петокот.

Трамп на почетокот на неделава посочи дека го поддржува дозволувањето на „Тик-ток“ да продолжи да работи во САД барем некое време, истакнувајќи дека имал милијарди прегледи на социјалната мрежа за време на неговата претседателска кампања.

Американското Министерство за правда тврди дека кинеската контрола на „Ток-ток“ претставува постојана закана за националната безбедност.

„Тиј-ток“ тврди дека Министерството за правда погрешно ги претставило врските на социјалната мрежа со Кина, објаснувајќи дека нејзиниот алгоритам за препораки за содржина и корисничките податоци се чуваат во САД на облак сервери управувани од Oracle, додека одлуките за умереност на содржината што ги засегаат американските корисници се носат и во САД.