Се појави видео од руски напад со розова лада на украинските позиции во областа Луганск.
Најновото руско јуришно возило се чини дека е розова „Жигули“, стар советски автомобил познат како стандард Лада во поранешна Југославија.
Текстот за овој розов автомобил, кој неодамна беше снимен како напаѓа украински позиции во источниот регион Луганск, го објави "Forbes", во кој се наведува дека две такви возила од типот на седан, тешки еден тон и со мотори од 1,5 литри, биле лесна мета на Украинските дронови.
„Работиме јасно, методично и безмилосно – се пофали локалната украинска команда откако уништила најмалку една „Лада“ и ги убила руските војници кои биле во неа.
"Forbes" наведува дека ова е само последен во низата вакви напади со руски автомобили врз Украинци.
Минатата недела, руските сили со големина на вод или чета собрана на периферијата на Покровское, во областа Доњецк возеле кон украинските линии со најмалку седум автомобили и камиони.
На едно од возилата висело советско знаме.
„Нападот беше успешно одбиен. На автомобилот со советското знаме му беше посветено посебно внимание“, објави украинскиот воен блогер Офисер+.
"Forbes" наведува дека ваквите руски напади на слабо одбранетите украински позиции се толку чести што некои од возилата успеваат да се пробијат.
„Со мали, континуирани напади, руските војници на крајот ги разоткриваат и ги искористуваат слабите точки во украинската одбрана“, објасни Татаригами, основачот на украинската аналитичка група "Frontintelligence Insight".
Русите често користат автомобили или камиони за такви напади.
Откако изгубија околу 15.000 оклопни возила во првите 34 месеци од целосната војна против Украина, многу повеќе борбени возила отколку што може да ги замени руската индустрија опфатена со санкции, руските полкови и бригади се повеќе се префрлаат во борба со цивилни возила.