Новогодишната ноќ е синоним за незаборавни моменти, свечена атмосфера и музика која ќе го исполни просторот до раните утрински часови.
Како и секоја година, угостителските објекти – од елитни хотели до мали ресторани и клубови – ги откриваат своите понуди за најлудата ноќ во годината. Но, какви се цените и што нудат овие прослави?
Како се движат цените?
Цените на новогодишните прослави оваа година варираат зависно од типот на објектот и понудата.
Рестораните кои нудат свечени менија со повеќе јадења и музичка програма најчесто бараат од 2.000 до 6.000 денари по лице.
Во оваа цена се вклучени предјадење, главно јадење, десерт и неограничени домашни пијалаци.
Луксузните ресторани, каде на менито има ексклузивни јадења како бифтек, лосос или морски плодови, можат да достигнат и до 10.000 денари по лице.
Во хотелите и поголемите угостителски објекти цените се движат повисоко, од 8.000 до 15.000 денари, но таму често се вклучени и дополнителни услуги како ноќевање, доручек на 1 јануари и пристап до велнес центар.
Хотелите со повеќе звезди најчесто ангажираат познати музички изведувачи или бендови кои ја прават атмосферата уште повозбудлива.
Клубовите, пак, се омилен избор кај младите и оние кои сакаат подинамична ноќ. Тука цените започнуваат од 1.000 до 3.000 денари, зависно од тоа дали е вклучен пијалак.
Резервациите за маси во ВИП зоните често се поскапи и можат да достигнат и до 15.000 денари за група.
Што е вклучено во цената?
При резервирање прослава, важно е да се знае што добивате за парите што ќе ги потрошите.
Во поголемиот број ресторани и хотели цената ги опфаќа храната, пијалaците (домашни и некои увозни) и музиката во живо. Во ексклузивните понуди често има специјални коктели, шампањ на полноќ и додатоци како огномет или забавен настап на танчери.
„Наша цел е секој гостин да се чувствува специјално. Оваа година воведуваме ново мени со повеќе курсеви и музички бенд кој ќе ги забавува сите возрасни групи“, вели сопственик на еден угостителски објект.
Клубовите најчесто нудат влезници кои вклучуваат пијалак, додека храната, доколку ја има, се наплаќа дополнително.
Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.