[ВИДЕО] Кина откри два нови „невидливи“ ловци во еден ден! Изгледаат неверојатно

Точка

27/12/2024

19:23

3.319

Големина на фонт

а а а

Вчера, за помалку од 24 часа, двајца кинески производители на авиони го открија дизајнот на новите „невидливи“ борбени авиони. И не било какви. Новите дизајни на авиони произведени од Ченгду и Шенјанг би можеле да бидат меѓу најсофистицираните борбени авиони со екипаж во историјата, пишува "Forbes".

Кинеската војска традиционално ги открива своите нови технологии на крајот на западната календарска година, во декември или јануари. Можеби најпознатиот пример е кога кинеската војска дозволи објавување на првите фотографии од „невидливиот“ борбен авион "J-20" на Ченгду во јануари 2011 година. Тринаесет години подоцна, се верува дека кинеското воздухопловство има стотици такви авиони.

Овогодинешното изненадување беше едно од најдраматичните во режија на одделот за односи со јавноста на кинеската армија. Вчера во исто време, на интернет се појавија снимки на кои се прикажани два различни „невидливи“ борци со екипаж. Моделот Ченгду беше придружуван од авион "J-20". Моделот Шенјанг летал заедно со клон на Сухој Су-27 произведен во Шенјанг.

Делта крила без опашка

И двата нови авиони имаат т.н делта крила без опашка. Нивните крила и сите контролни површини се чини дека се во иста хоризонтална рамнина. Ова може да го намали радарскиот потпис на авионот, но има своја цена. „Ваквите авиони се познати како аеродинамични сложени авиони со специфични динамични карактеристики на летање и се многу сложени за контролирање“, се вели во извештајот на Центарот за тестирање на летот на американските воздухопловни сили од 2007 година.

Очигледно е дека кинеското воздухопловство е решено да набави „стелт“ ловец со сложени контроли на летот, и тоа без голем ризик. Имено, и двата големи производители на борбени авиони работат на дизајнирање на нов ловец. Едниот може да успее таму каде што другиот нема.

Истиот пристап го имаа и со првата генерација „невидливи“ авиони

Кинеската војска го презеде истиот пристап со првата генерација на стелт-борбени авиони. Двомоторниот суперсоничен "J-20" на Ченгду работеше како што беше планирано, а воздухопловните сили на крајот нарачаа голем број од овие модели. Но, доколку "Ј-20" пропаднеше, постоеше алтернатива: полесниот Шенјанг "Ј-35", кој прв пат полета во 2012 година и може да влезе во служба како поморски ловец.