Професорот по експериментална психологија на Универзитетот во Кјото, Акојоши Китаока често самиот смислува тестови и оптички илузии, кои ги споделува на својот профил на Икс.
Некои од неговите оптички илузии можат да го откријат вашето ниво на стрес. Таков е следниот тест. Доволно е да ја погледнете оваа оптичка илузија 20 секунди и да видите дали круговите се движат.
Потоа треба да го насочите погледот кон нешто бело и статично, како на пример, на ѕидот.
昨日、マイナンバーカードを左京区役所でゲットしました。通知カードは名残り惜しくも没収されました。
— Akiyoshi Kitaoka (@AkiyoshiKitaoka) March 16, 2021
(写真は、学会か講演会のハンドアウトの残りのナンマイダーカード。12枚ありました。) pic.twitter.com/pu15SZalw4
Доколку сликите останат неподвижни, психологот вели дека не сте под преголем стрес. Ако круговите полека се вртат, веројатно ви треба мал одмор, а ако забрзано се движат во круг, тој вели дека е вистинско време за долг одмор!