Оваа утринска вежба е број 1 во борбата против стресот и трае само 1 минута! Еве што треба да направите, ќе ви се допадне

Точка

24/12/2024

12:04

1.429

Големина на фонт

а а а

Нашата утринска рутина може да го одреди тонот и атмосферата на остатокот од денот. Сепак, наоѓањето време за усвојување на некои здрави навики често е доста тешка задача, особено за сите нас кои не сме баш утрински типови. Многумина веќе имаат навика да медитираат, да одат на трчање или на базен или да вежбаат дури и пред да одат на работа, но кога им се брза, обично тоа е првото нешто што го пречкртуваат на нивната листа на задачи.

Затоа токму во оние денови кога ќе го пропуштите алармот или времето ве притиска, а имате да завршите цел куп обврскки, исклучително е важно да одвоите малку време за да дишете и да се ресетирате. Доброто е што за тоа ќе ви треба само една минута, а оваа техника можете да ја примените и во кревет, дури и пред да станете.

Утринска вежба за дишење против стрес

Оние кои ја пробале тврдат дека по само неколку фокусирани вдишувања и издишувања, веќе чувствуваат промена во нивната севкупна состојба на умот и нивото на стрес. Затоа ви предлагаме оваа вежба да ја вклучите во утринската рутина и по можност да ја правите во кревет.


Едноставно не можете да имате никаков изговор за да ја прескокнете бидејќи станува збор за една минута од вашето време.

Оваа вежба одлично ќе ви послужи за да ги организирате мислите и да го намалите притисокот во вашата глава во овие претпразнични денови, кои покрај вообичаените обврски се полни и со настани, забави, купување подароци, готвење и украсување на домот.

Еве како се изведува

Легнете во кревет со испружени нозе или свиткани колена, како ви е поудобно.

Ставете ги дланките на стомакот.

Вдишете низ носот и наполнете го стомакот со воздух за да го почувствувате под рацете.

Издишете низ носот и почувствувајте како вашиот стомак се празни.

Повторете ја постапката со вкупно 5 вдишувања и издишувања.

Потоа поместете ги дланките и ставете ги на градниот кош.

Десната дланка и прстите на десната рака се раширени за да допрат што повеќе ребра на десната страна, а со левата дланка го правите истото на левата страна.

Вдишете и почувствувајте како вашите бели дробови го шират градниот кош под вашите раце.

Потоа издишете и почувствувајте како вашите бели дробови се празнат.

Повторете го процесот со вкупно пет вдишувања и издишувања.


Првата серија на вежби за дишење, во која се фокусирате на подигање и спуштање на стомакот, е вежба за длабоко дишење која помага да се поттикне опуштање. Тоа е вежба која ги тренира вашето тело и ум да се чувствуваат безбедно и смирено.

Вториот сет на вежби за дишење, каде што се фокусирате на проширување на градите, делува како да повикувате свежа енергија и оптимизам во вашиот ден. Силата на вдишување која предизвикува проширување на градите ќе ве потсети колку се фасцинантни и прекрасни нашите тела и светот во кој живееме.