Најдобрата риба за здравјето на мозокот: Исклучително е корисна за најважниот орган во телото, еве колку често треба да се јаде

Точка

24/12/2024

10:21

1.683

Големина на фонт

а а а

Мозокот е еден од најважните органи во телото, затоа е потребно да направите што повеќе за да се грижите за неговото здравје.

Како што наведува „Хелтдиџест“ (HealthDigest), можете да го одржувате вашиот мозок здрав така што доволно ќе спиете, ќе вежбате, ќе се социјализирате и ментална ќе се стимулирате, како што се решавање загатки или читање.

Меѓутоа, исхраната има важна функција во одржувањето на здравјето на мозокот, особено внесувањето на храна богата со омега-3 масни киселини.

Диететичарката Меги Мун открила дека постои одличен вид протеин кој можете да го јадете за здравјето на мозокот, а тоа се сардините.


„Сардините се одличен извор на омега-3 масни киселини, вид маснотии што го претпочита мозокот и кои се неопходни за здрава мозочна функција, од сознание до емоционално здравје“, истакнува Мун, додавајќи: „Омега-3 масните киселини ги чистат каналите за комуникација во мозокот. Порција од 85 грама конзервирана сардина содржи 837 милиграми омега-3 масни киселини кои го поддржуваат здравјето на мозокот и 21 грам протеин кој му помага на мозокот да создаде невротрансмитери.“

Сардините може да го забават стареењето на мозокот

Како што старееме, менталните функции може да се променат бидејќи некои делови од мозокот се намалуваат.

Патеките за комуникација во мозокот исто така можат да станат помалку ефикасни поради намален проток на крв и зголемено воспаление.

Омега-3 масните киселини од сардините и другите видови на морска храна можат да го намалат воспалението во мозокот, пишува „Хелтдиџест“ .


„Тие им помагаат на мозочните клетки да произведат антиинфламаторни соединенија кои потоа ја чистат и поправаат штетата предизвикана од секојдневното абење, загадување, болести или други стресори“, објаснува диететичарката.

Додава дека 325 милиграми калциум од сардина ги стимулираат невроните во мозокот да ослободуваат невротрансмитери, додека железото помага во снабдувањето на мозокот со кислород.

„Консумирањето на морска храна, како што се сардините, се препорачува барем еднаш неделно како дел од шемата на исхрана МИНД, која според истражувањата може да го забави стареењето на мозокот до 7,5 години и да го намали ризикот од Алцхајмерова болест за дури 53 отсто“, додава тaa.


Диетата МИНД, која е комбинација од медитеранската диета и диетата ДАСХ, нагласува одредени намирници кои го промовираат здравјето на мозокот, како што се бобинки, јаткасти плодови и риба.