Волја за ваков проект постои, како и потенцијалот во технолошката поддршка на "Stellantis". Останува прашањето како би реагирал пазарот?
По најавата за враќање на "Honda Prelude", многу луѓе се сетија на иконските европски купеа. "Peugeot 406 Coupe", "Opel Calibra"… се само дел од малку заборавените купеа денес.
Во оваа група би можело да се вброи и "Fiat Coupe", кој и денес привлекува внимание со својот оригинален дизајн.
Многу обожаватели би сакале да го видат повторно на улиците, особено оние со склоност кон италијанското училиште за дизајн.
Независниот дизајнер Теофилус Чин ја претстави својата визија за наследникот на класикот на "Fiat". Го зеде поголемиот "Audi RS5" како основа, а потоа вгради некои постоечки дизајнерски решенија.
Инспирацијата ја црпеше од оригиналниот модел на "Fiat Coupe", но и од "Bentley Continental GT" и кинескиот "Lynk & Co 07".
Резултатот е доста интересен и покажува како дизајнот на "Fiat" од 1990-тите беше исклучително успешен, можеби дури и пред своето време.
Можеме само да го замислиме потписот на "Abarth" на спортска верзија која би вклучувала впечатливи издуви одзади.
Да потсетиме дека оригиналниот "Fiat Coupe" беше претставен во 1993 година и беше на пазарот до 2000 година.
Креиран е од Крис Бенгл во соработка со познатиот дизајнер на "Fiat", Ерман Кресони.
Внатрешноста на автомобилот ја дизајнираше "Pininfarina", која беше задолжена и за неговото производство.
Најмоќната верзија беше опремена со 2.0 турбобензински мотор со над 200 коњски сили.
Волјата за ваков проект постои, како и потенцијалот во технолошката поддршка на "Stellantis". Останува прашањето како би реагирал пазарот.