"Renault 5 Turbo" се враќа! Оди во масовно производство со огромна моќ

Точка

18/12/2024

14:33

673

Големина на фонт

а а а

Гласините се остварија и "Renault" уште еднаш одлучи да ја врати на сцената уникатна комбинација на брутална моќ и компактно пакување.

Исто како и во двете претходни генерации, "Renault" остана верен на оригиналниот концепт на екстремни вредности и во модерен пакет што значи дури 500 коњски сили и погон на задните тркала.


Сепак, како што сугерира името, "Renault 5 Turbo 3E" се напојува со електрична енергија. Има два електрични мотори, од кои двата ги придвижуваат задните тркала. Најмоќниот сериски "Renault" во историјата достигнува 100 km/h за само 3,5 секунди.


Има малку допирни точки со стандардниот модел. Овој користи карбонска монокок шасија, која ја минимизира масата. Естетиката претставува комбинација на ретро и футуристички стил со препознатливи врски со оригиналот во форма на светла и самата силуета. Истото важи и за екстремните продолжетоци со доводи кои го ладат електричниот погон.


Детали за цената и датумот на пристигнување на пазарот не се познати. Некои извори ја споменуваат 2026 година, а претпоставката е дека производството ќе биде строго ограничено. Секако, сè што е споменато укажува и на цена далеку повисока од било што од понудата на "Renault".