"Dacia Duster" испиша историја со тоа што беше првиот автомобил кој двапати ги освои наградите 4×4 на годината, доделени од британскиот весник „Overlander 4×4“.
Оваа година, способноста за теренско возење, робустниот дизајн и вредноста за парите го однесоа "Duster" на врвот во класата во наградите за најдобар мал теренец и најдобар буџетски теренец.
Алан Кид, уредник на списанието "Overlander 4×4", рече дека двојната победа на "Duster" е „значајна“ бидејќи ниту едно возило досега не победило во две големи категории.
Со верзијата 4×4 достапна во нивоа на опременост "Expression", "Journey" и "Extreme", лесно е да се види зошто "Duster" ја освои наградата за најдобар буџетски SUV.
Како и со многу други награди што ги има добиено "Duster", тие се должат првенствено на ниската цена и практичноста.
„Како и секогаш, ниската цена е еднаква на висока вредност само ако возилото е добро, што секако е "Duster". Затоа ја добива наградата за најдобар мал SUV и стои рамо до рамо со своите ривали. Тоа е непретенциозно, сеопфатно способно и вистинско мало 4×4 возило“, истакна Кид.
Вештините на "Duster" за теренски пат се зајакнати не само со неговиот груб дизајн, туку и со некои од најновите технологии, вклучувајќи ги опциите „Hill Decent Contro“ и „4×4 Terrain Control“ со пет режими на возење: "Auto", "Snow", "Mud/Sand" и "Eko".