Шакира откри кој пејач ѝ бил најголема поддршка по разделбата со Пике

Точка

21/12/2024

14:04

759

Големина на фонт

а а а

Во едно од нејзините последни интервјуа, Шакира откри кој пејач ѝ помогнал за време на драматичната и тешка разделба од фудбалерот Жерар Пике.

Колумбиската ѕвезда за Ролинг Стоун изјави дека тоа бил фронтменот на Колдплеј, Крис Мартин. Шакира раскажа дека се зближиле додека таа минувала низ тешкото раскинување. „Тој беше тука за мене кога раскинав и кога бев скршена. Секој ден ме проверуваше и ми испраќаше поддршка“, рече пејачката.


Тие се запознале во шоуто „The Voice“

Шакира истакна дека нивното пријателство трае долго и го почести со убави зборови. „Го гледам како личност кој го гледа животот низ друга призма, која е чувствителен на потребите на другите луѓе и е многу емпатичен“, додаде таа.

Пријателството на Крис и Шакира започнало во 2014 година за време на шестата сезона на музичкото натпреварување „The Voice“, кога фронтменот на Колдплеј беше гостин – ментор во шоуто.

Беше откриено дека Пике ја изневерувал

Потсетуваме, Шакира го запозна фудбалерот во март 2011 година, кога го снимаше спотот за хитот „Waka Waka“. Тие беа заедно 12 години, а се разделија во јуни 2022 година, а имаат двајца синови, Милан и Саша. Разделбата помеѓу пејачката и фудбалерот предизвика големо внимание во јавноста, особено откако се дозна дека Жерард ја изневерувал.


Во јули оваа година таа зборуваше за слободата која ја доби по нивната разделба.

„Немав време“

„Работев на нова музика од време на време, но беше тешко. Немав време поради бракот и сопругот. Сега сум без сопруг, но, да, тој ме влечеше надолу“, раскажа Шакира во интервјуто со Џими Фалон на „The Tonight Show“ и додаде: „Сега сум слободна. Сега навистина можам да работам“.

Во март оваа година таа го издаде албумот „Las mujeres ya no Lloran“ (Жените повеќе не плачат), нејзиниот прв од 2017 година.

Во една прилика пејачката изјави дека по разводот трпела физичка и душевна болка. „Болката која ја чувствував беше веројатно најлошата која сум ја доживеала во целиот мој живот. Имав чувство како некој да ме прободел во градите“, изјави 47-годишната пејачка за Ролинг Стоун.