[ВИДЕО] Грешка во новиот хит филм на Нетфликс стана вирална на ТикТок: Урнебесни коментари кружат на интернет, сите се прашуват – „Како можеа да го пропуштат ова?“

Точка

20/12/2024

19:59

1.409

Големина на фонт

а а а

Новиот акциски филм на Нетфликс „Carry-On“, кој го зазеде првото место на листите ширум светот, веќе некое време предизвикува бројни реакции.

Сега стана хит на мрежите откако гледачите забележаа очигледна грешка во филмот.


Една тиктокерка која објавува под името Floridafitbrit објави видео во кое укажува на грешката. Имено, во еден момент жена со бебе поминува низ безбедносна контрола на аеродромот, но она што многумина го забележаа е дека бебето веќе во следната сцена – не е исто!

„Нетфликс навистина мислеше дека никој нема да забележи“, пишува на снимката.

Во првата сцена жената носи дете кое има кафена коса и носи светло син џемпер, додека во следната сцена детенцето во нејзините раце изгледа сосема поинаку.

„Тоа дете е збунето затоа што не беше во последната сцена. Не знае ни во кој правец оди филмот“, коментира машкиот глас на снимката која со 5,9 милиони прегледи стана вирален хит.

На ист начин во коментарите се пошегуваа и многу други гледачи.

„Детето едноставно не сакало да се качи во тој авион“, „Првото бебе отиде да се одмори“, „Првото бебе рекло: „Натерајте некој друг да го направи ова“, „Ајде, тоа дете само носело перика“, „Првото бебе рече дека не го плаќаат доволно“, се дел од урнебесните коментари.


Многумина веднаш почнаа да го споредуваат филмот со хитот „Умри машки“ („Die Hard“), а режисерот Жаум Колет-Сера откри дека токму тој филм му бил инспирација.

„Кога го прочитав сценариото за „Carry-On“, почувствував дека најдов поприземна верзија на „Die Hard“ за новите генерации“, рече тој.