Северина се огласи за трагедијата во Загреб: „Еден мал ангел полета. Невин, не успеа да зачекори во животот“

Точка

20/12/2024

16:50

571

Големина на фонт

а а а

Трагичен настан ја потресе јавноста во Хрватска и целиот регион утрово кога дете од прво одделение било убиено во напад со нож во загрепското основно училиште „Пречко“.

Повредени се наставник и три деца, а животот на наставничката е во опасност. Хрватскиот министер за здравство потврди дека едно дете починало, а меѓу повредените е и напаѓачот кој се обидел да се самоубие. Истрагата е во тек, пишуваат хрвтските медиуми.


Северина се огласи по трагедијата во загрепското основно училиште.

“Нека замолкне сè. Одлета едно мало ангелче. Невин, не ни зачекори во живот. Вресок, болка и гнев. Неутешно. О Боже зошто? Сè што можеме да направиме е да се молиме за учителката и повредените деца. Сочувство до родителите…“, напиша таа.

Полицијата и итните служби се на терен. Развојот на настанот можете да го следите овде.