Западните земји треба да ги земат предвид зборовите на рускиот претседател Владимир Путин за ракетата „Орешник“, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.
„Ги прочитав реакциите на прес-конференцијата на рускиот претседател. Западната јавност е запрепастена од изјавата за хипотетички технолошки дуел со употребата на рускиот проектил „Орешник“ и противракетната одбрана на НАТО на примерот на објектот во Киев, напиша таа на нејзиниот канал Телеграм, пренесе ТАСС.
Захарова рече дека има изјави од типот: „Како е ова можно?“, „Ова е неприфатливо“.
„Навистина? Секој ден, западните лидери зборуваат за удари „длабоко во Русија“. И никој во тие земји не се онесвестува од такви изјави, не паметат право и меѓународно право, човештво и човекови права“, посочи таа.
Захарова нагласи дека реториката за нанесување стратешки пораз на Русија е цврсто вкоренета во менталитетот на режимот на НАТО, а не како хипотетичка претпоставка – за практична примена на оваа доктрина се издвојуваат милијарди.
„Да не зборуваме за тивкото поттикнување на Западот со крвавите терористички напади што режимот во Киев ги спроведува низ светот. Нека размислат како е да се живее во услови кои им се нудат на другите“, заклучи таа.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека технолошки дуел меѓу хиперсоничниот систем за лансирање ракети „Орешник“ и западните системи за противвоздушна одбрана (ПВО) може да се одржи не само во Киев, туку и на други места.
„Можно е на друго место“, му рекол Путин на новинарот Павло Зарубин, на прашањето зошто за време на неговото годишно обраќање предложил да се одржи технолошки дуел во главниот град на Украина, пренесе РИА Новости, пренесе Танјуг.
Во своето годишно обраќање Путин рече дека ракетата „Орешник“ е модерно оружје произведено врз основа на претходни проекти кои биле рафинирани и потврди дека учествувал во донесувањето на одлуката за производство на овие ракети.
„Нема шанси да падне „Орешник“. Ако така мислат западните експерти, нека се погрижат да организираме високотехнолошки двобој. Ние сме подготвени за таков експеримент. Па да видиме што ќе се случи. Западните експерти нека го утврдат објектот во Киев што ќе го таргетираме со „Орешник“. Подготвени сме за тоа“, рече Путин.