Скопје ќе биде 15 часа без вода, санацијата на главниот градски водовод ќе почне во раните утрински часови

Макфакс

20/12/2024

12:41

3.202

Големина на фонт

а а а

Утре во раните утрински часови ќе почнат активностите за санацијата и модернизацијата на главниот градски водовод, која се очекува да трае во следните 15 часа.

Од Водовод информираа дека главна цел на овој Оперативен план е подобрување на водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, со репарација на 6 сегменти каде во изминати децении се нотирани огромни загуби мжна вода.

Со затварање на Главниот Градски цевковод Ф1600мм поради санација на 5 затварачи по должина на оваа линија на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар Партизански одреди со ул. Никола Парапунов ќе се изврши

– Замена на нефункционален затварач Ф 400мм на кружен тек во Ѓорче Петров

– Репарација на затварач Ф600мм на мост Обединети нации кој тече

– Заптивање на затварач Ф700мм на булевар Партизански Одреди кој протекува и замена на затварач Ф150 кој се наоѓа во истата шахта


– Санација на затварач Ф700мм и Ф500мм на ул. Никола Парапунов.

– Замена на 4 водушни вентили

Согласно Оперативниот План за санација на затварачите на градска водоводна линија Ф1600мм, Сектор Водовод превзема бројни оперативни активности за подготовка на луѓе, механизација, алат и пумпи.

Во процесот на активности Сектор Водовод првично ќе направи проверка за исправноста на воздушните вентили, испусти и хидранти поставени по должината на цевководот Ф1600мм. По утврдување на состојбата и констатирање на нивната исправност Сектор Водовод со екипи составени од 6 пункта носители на работата со обезбедена испомош на конкретни работници од други пунктови ќе обезбеди сигурно празнење и полнење на системот.

Се апелира до сите јавни чинители да внимаваат во изнесувањето информации и да не предизвикуваат страв и паника кај граѓаните за неколку часовното немање вода. Овој сериозен зафат, како што се додава, се превзема за да се превенираат состојби на дефекти како што се тие во Тетово, Битола, Штип и Неготино, каде со денови и недели немаше вода поради несанирани дефекти.