[ВИДЕО/ФОТО] Ова е убиецот на генералот на Путин! Објавено е видео на Федералната служба за безбедност, во кое детално се опишува како ја извршил ликвидацијата во Москва

Точка

18/12/2024

17:04

2.255

Големина на фонт

а а а

ФСБ објави видео од сослушувањето на Узбекистанецот осомничен за убиството на рускиот генерал Кирилов.

На руските социјални мрежи се појави видео од Узбекистанец осомничен за ликвидација на генерал-полковник Игор Кирилов, шеф на нуклеарната заштита, биолошката и хемиската одбрана на силите на Русија, кој вчера беше разнесен со експлозив пред зграда во Москва.

Според каналот Шот на Телеграм, името на осомничениот е Ахмад Курбанов (29).


Се појави видео од сослушувањето на Курбанов од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) на кое тој признава дека постапил по инструкциите на украинските безбедносни служби, за што му ветиле 100.000 долари и живот во ЕУ.

Курбанов ја активирал експлозивната направа поставена во електричниот скутер во моментот кога Кирилов ја напуштил зградата на булеварот Рјазански.


Кирилов бил кренат во воздух во 6:12 часот, а украинските служби наводно се гледале преку пренос во живо.

Според информациите од социјалните мрежи, Курбанов не бил првпат во Москва.

Тој веќе престојувал во руската престолнина во 2015 година, кога дошол таму од Узбекистан да работи во чајџилница.