Во тек полициска акција – се вршат претреси на повеќе локации, во Арачиново запленето автоматско оружје

Макфакс

18/12/2024

10:45

3.726

Големина на фонт

а а а

Запленето е автоматско оружје во Арачиново и во моментот се вршат претреси во повеќе делови од Скопје во уште една полициска акција поврзана со сузбивање на криминални групи.

Од МВР најавија повеќе детали по завршување на акцијата.

„Извршени се претреси на повеќе локации, во моментов се продолжува со дел од претресите. Повеќе информации ќе бидат соопштени по завршување на акцијата“, велат од Министерството.


Пред два дена, Обвинителството донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18 членови на бандата Беланоца – Барон кои плаќале од 10.000 до 250.000 евра за убиство. Претходната акција беше спроведена на подрачјето на општините Чаир, Арачиново, Шуто Оризари, Бутел и Студеничани. Извршени беа претреси на 30 локации и пронајдени поголем износ на пари, злато, огнено оружје и други предмети.