Што кажува опашката на мачката за нејзиното расположение?

Точка

17/12/2024

19:10

1.070

Големина на фонт

а а а

Мачките можат да бидат непредвидливи и тешко е да се разбере што сакаат и како се чувствуваат, но ако внимаваме на движењето на нивната опашка, можеби ќе ги разбереме подобро.

Високо подигната опашка

Високо подигната опашка е знак дека вашата мачка се чувствува самоуверено и среќно. Ова обично значи дека таа има пријателски намери, и ако нејзината опашка замавнува малку, тоа може да значи дека е многу возбудена што ве гледа, пишува „Блу крос“.


Опашка во форма на прашалник

Ова често е знак за поздравување кога ќе види некој што го познава и сака. Друштвените мачки често го прават тоа и со нови луѓе. Оваа положба на опашката обично ќе ја забележите кога ќе ви пријдат.

Накострешена опашка

Ако опашката е подигната високо и наежена, мачката е исплашена. Ако мачката се чувствува многу загрозена, може да стане агресивна, па најдобро е да ѝ се даде простор. Мачките често го прават тоа за да изгледаат поголеми, а тоа го прават инстинктивно кога нешто ги плаши.

Опашка надолу


Некои видови природно ја имаат опашката надолу, но генерално опашката што виси директно надолу може да биде знак на непријатност или страв.

Опашката е завиткана под телото

Опашката завиткана под телото е знак на страв или вознемиреност кај вашата мачка.

Мавтање со опашката

Ако мачката мавта со опашката, тоа обично значи дека се чувствува вознемирено. Ако ја галите и почне да мавта со опашката, најдобро е да престанете бидејќи тоа може да биде знак дека не ѝ се допаѓа. Друг пример за мавтање со опашката е кога мачката сака да направи нешто, но не може, на пример, ако стои до вратата, таа не може да се отвори.

Брзо мавтање со опашката


Ако опашката брзо мавта лево-десно, мачката е емоционално вознемирена и може да стане агресивна. Ова е вообичаена реакција во конфликти, често придружена со гласно мјаукање. Ако ти го прави ова, најдобро е да си заминете.

Кратко и отсечно мафтање со опашката

Оваа положба на опашката често се гледа непосредно пред мачката да скокне на играчка или плен. Се препознава по нишањето на телото од страна на страна.

Опашка како прегратка


Ова е најслатката положба на опашката која изгледа како прегратка со мачка. Мачките кои имаат блиски односи често го прават тоа, слично на тоа како луѓето ја ставаат раката околу некој за кој се грижат.