[ФОТО] Кината во Барселона и Валенсија организираа филмски проекции за нудистите: За прв пат во историјата на Шпанија

Точка

18/12/2024

14:56

507

Големина на фонт

а а а

Две шпански кина ги одржаа своите први филмски проекции за нудистите во неделата, на кои присуствуваа приближно 50 луѓе во секое од двете кина.

Според Ел Паис, станува збор за кината Жирона во Барселона и Лис во Валенсија. Публиката присуствуваше на проекцијата на филмот „Tu no eres yo“. Меѓутоа, проекцијата со истата идеја беше откажана во Мадрид.

Инаку нудистите по пристигнувањето во салата, се соблекоа додека разговараа, а потоа седнаа на пешкири.


Идејата произлезе откако групи нудисти кои припаѓаат на Здружението на нудисти од Валенсија учествуваа во снимањето на сцените од филмот „Tu no eres yo“, кој беше снимен во 2022 година во Пуиг.

„Нудизмот е повеќе од самото соблекување на облеката. Истовремено ги соблекуваш „срамот и слоевите кои те оптоваруваат“, изјави една од жените по проекцијата.


Меѓу присутните во Валенсија беше и членот на нудистичката организација Хуан Анхел Манцано, кој исто така беше статист во филмот и идеолог на иницијативата за нудистичко прикажување. Тој истакнува дека режисерите на филмот барале нудисти на возраст од 60 години.

„Беше спектакуларно да се работи со нив, а нашето присуство ја нормализираше ситуацијата и за актерите, кои се чувствуваа поудобно голи“, рече Манзано.



Потоа на еден од режисерите му предложил дека би било добро да го гледаат филмот голи.

На проекцијата на филмот во Барселона присуствуваа членовите на каталонскиот натуристички клуб. Потпретседателот на оваа организација Сегимон Ровира истакна дека во зима немаат можност да бидат голи на јавни места, па затоа организираат посети на музеи или изложби. Тој посочува дека не промовираат голотија во кина, но дека би било добро голотијата да се нормализира и да се одвои од сексуалните конотации.