Сер Елтон Џон поминал низ бурен и тежок живот, обележан со зависност од опијати и неконтролирано однесување, кое често предизвикувало непријатности за другите. Ова е приказната за неговиот пат кон трезвеност.
Сер Елтон Џон открил дека со своите поранешни партнери се однесувал како заложници, ги третирал „како кретен“ и често барал помош за најосновните домашни задачи, што било последица на неговата зависност од недозволени супстанции.
Легендарниот пејач и текстописец, кој неодамна откри дека има проблеми со видот, за магазинот „Тајм“ зборуваше за својот бурен приватен живот и борбата со зависноста.
Зависност и врвот на кариерата
Елтон Џон детално ги опиша своите проблеми со алкохол и опијати во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години, на врвот на својата слава. Призна дека неговото однесување оставило последици врз многу луѓе додека не решил да побара помош и да започне рехабилитација во деведесеттите години.
„Кога сте на опијати, носите ужасни одлуки. Толку многу сакав љубов што буквално би држел некого како заложник. Ќе се зближам со некого, ќе поминеме три или четири месеци заедно, а потоа тие ќе ми замерат бидејќи не им дозволив ништо друго освен мене. Навистина ме вознемирува кога ќе помислам колку луѓе сум повредил“, признал музичарот.
Во 1990 година, Елтон Џон се пријавил на шестнеделна рехабилитација во болница во Чикаго за зависност од опијати, алкохол и прејадување.
„Ми беше шокантно да сфатам колку ниско сум паднал. Една од најсрамните работи беше тоа што на 43 години не знаев ни како да ја вклучам машината за перење. Тоа покажува колку бев изгубен,“ вели Елтон.
Патот кон трезвеноста
Откако започнал да се лекува, Елтон признал дека морал да се соочи со болната вистина за своето однесување.
„Тешко е да му кажете некому дека е кретен, но уште потешко е да слушнете дека тоа сте вие. На крајот, решив да прифатам и да се променам,“ изјави пејачот, кој денес е трезен веќе 34 години.
Проблеми со видот
За време на гостувањето во емисијата „Добро утро Америка“, заедно со својот сопруг Дејвид Фурниш, Елтон зборуваше за своите здравствени предизвици, кариерата и новиот документарен филм „Никогаш премногу доцна“.
„Го изгубив видот на десното око уште во јули поради инфекција. Не гледам добро веќе четири месеци. И моето лево око не е во најдобра состојба, но верувам дека сè ќе биде во ред,“ рече тој.
Елтон и неговиот сопруг редовно посетуваат здравствени прегледи во Лос Анџелес и изјавија дека нивното здравје, освен проблемите со видот, никогаш не било подобро.
„Процесот на заздравување е бавен, но верувам дека на крајот ќе се опоравам целосно,“ заклучи Елтон Џон.