[ВИДЕО] Златко Јовановски: На 18 години направив фирма - јас вредам во сафири и дијаманти, а не во пари

Точка

13/12/2024

12:40

4.084

Големина на фонт

а а а

Моника Станојкова девојката која има над 101.000 следбеници на ТикТок и се претставува како Станојкова Стар, беше дел од последената епизода на „Нешто Конкретно“ а на тема „Живот по свои правила.“

Таа важи за прилично контроверзна и како појава, но и со своите видеа и ставови на социјалните мрежи беше учесничка и во „Задруга“ па на прашањето од водителката што мисли колку вреди, таа рече дека - дека е голем нарцис и знае дека вреди многу, а и нејзината околина се согласува со неа.

Креаторот Златко Јовановски пак, во однос на тоа дали за да живееш по свое треба да немаш срам одговори дека е срамота да должиш и да не им дадеш пари на вработените, срам е да немаш еден ден работен стаж, а да имаш 30 години или 25 години, а да живееш со твоите и да ја носиш девојка ти во детска, но не е срамота да носиш бунда и круна или да се сликаш гол.

Комичарот Стефан кој се препозна во изјавата на Златко, на свој соодветен начин одгвори: Јас живеам со моите, значи треба да се иселам да им се соблечам гол и да им речам: Еве ова не е срамота, се селам од кај вас!

Јана Гигова која е уличен свирач смета дека нема потреба да биде вработена оти не и треба пензиско и здравствено, туку сама си заработува и додаде дека од улични свирки во Македонија се заработува одлично.

Во целата епизода со многу хумор и смеење, гостите ја покажаа својата оригиналност, својата досетливост и дадоа впечатливи изјави:

Златко рече дека кога се гледа во огледало гледа совршена личност на која и фалат само неколку милиони и малку повеќе коса, а и дека е спремен да се пензионира во Дубаи, да го ладат на некоја јахта.

Јана пак имаше оригинална изјава дека би се пензионирала во Зелениково, ќе биде пензионерка со куќичка и со пушка.

Моника додаде дека откако станала позната се појавиле многу луѓе кои сакале да ја искористат нејзината вредност.

Стефан ја заклучи емисијата со имитација на Апасиев, напнат и раздразлив: Ти водителке и цела продукција, кој сака нека дое бе....