Оваа албанска пејачка на 15 години го сменила името за да го скрие потеклото: За нејзините љубовни маки зборуваа сите, а потоа се вљуби во бизнисменот од Косово

Точка

11/12/2024

23:17

6.560

Големина на фонт

а а а

Ана Окса, италијанската музичка икона со албанско потекло, со децении ја освојуваше публиката со нејзиниот исклучителен глас, уникатен стил и енергија.

Иако е позната по нејзиниот ангелски изглед и музички талент, големо внимание привлекуваше и нејзиниот бурен љубовен живот, а особено бракот со бизнисменот од Косово.


Родена во 1961 година во Бари како Илиријана Хоџа, Ана го наследила албанското потекло од нејзиниот татко, а италијанското од мајката. Веќе на 15 годишна возраст решила да стане пејачка и го сменила името во Ана Окса, за полесно да се пробие на италијанската музичка сцена и да се огради од албанското потекло, кое во тоа време можеше да биде пречка.


Нејзината музичка кариера започна во 1978 година, а благодарение на нејзината подготвеност да експериментира со различни стилови, Ана стана едно од најпознатите имиња во италијанската музика.

Песните како „È tutto un attimo“, „Senza pietà“ и познатиот хит „Donna con te“ станаа евергрини, додека песната „Fiorellin del Prato“ го зацементира нејзиниот статус со прекарот „Глас и срце“. Ана беше редовна гостинка на фестивалот во Сан Ремо, каде ги освојуваше сите и со гласот и со својот впечатлив моден израз.

Љубовен живот полн со интриги

Покрај музичките успеси, Ана Окса е позната и по бурните љубовни приказни. Имено таа се мажела четири пати, а секој брак бил проследен со будното око на медиумите.


Нејзиниот прв сопруг беше музичарот Франко Циани, но бракот завршил кога Ана развила чувства кон тапанарот Џани Белено од бендот „New Trolls“. Со Белено таа доби две деца, ќерката Франческа и синот Ќазим.



Меѓутоа еден од најзабележителните бракови беше оној со Беџет Пацоли, политичарот од Косово, чие богатство се проценува на 743 милиони долари. Нивната врска предизвика контроверзии, особено поради политичките ставови на Пацоли и поддршката за проалбанските организации. Меѓутоа, бракот не траеше долго, бидејќи како што изјави Пацоли Ана била премногу љубоморна и посесивна.

Последниот брак на Ана бил оној со Марко Сансонети, нејзиниот телохранител кој беше 22 години помлад од неа. Иако овој брак ветуваше, ниту тој не опстана.


Денес, Ана Окса живее повлечено во Швајцарија, каде што ужива во природата и се посветува на уметничкото творештво, далеку од рефлекторите и медиумското внимание.