Според Форбс и Блумберг, Илон Маск стана првиот човек чиешто богатство се проценува на повеќе од 400 милијарди долари.
Неговото богатство главно се состои од удели во производителот на електричните автомобили „Тесла“ и воздушната компанија „SpaceX“. Американскиот магазин Форбс во четвртокот го процени богатството на Маск на 431,2 милијарди долари, а компанијата за финансиски услуги Блумберг соопшти дека неговото богатство изнесува приближно 447 милијарди долари.
Безос на второто место на најбогати личности
Од претседателските избори во САД на почетокот од ноември, 53-годишникот е значително побогат со порастот на цената на акциите на Тесла, барем на хартија. Инвеститорите шпекулираат дека Тесла ќе профитира од моменталната блискост на Маск со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Маск, роден во Јужна Африка, а сега американски државјанин, го поддржа Трамп со милиони донации за време на изборната кампања и ќе биде дел од неговата влада. Компаниите на Маск ја вклучуваат и онлајн платформа „X“, потоа развивачот на вештачката интелигенција „xAI“ како и компанијата за импланти на мозок „Neuralink“.
На второ место на листата на најбогати личности е основачот на Амазон, Џеф Безос, со богатство проценето на повеќе од 240 милијарди долари.