Покрената милионска тужба против Мајк Тајсон поради борбата со Џејк Пол

Точка

10/12/2024

23:20

12.733

Големина на фонт

а а а

Кипарската маркетинг агенција „Медиер“ го тужи познатиот боксер Мајк Тајсон (58) за 1,5 милиони долари, тврдејќи дека тој го прекршил договорот со нив учествувајќи во борбата со Џејк Пол.

Компанијата со седиште во Лимасол ја промовира обложувалницата Рабона, а тужбата пристигнала на адресата на Високиот суд во Лондон.


„Вистинската причина поради која Тајсон и неговата компанија „Tyrannic“ набрзина и незаконски го раскинаа договорот е затоа што Мајк го прифатил договорот и спонзорството со Нетфликс поради борбата против инфлуенсерот Пол“, се вели во тужбата.

Договорот беше потпишан во јануари, а раскинат веќе во март, а компанијата „Медиер“ бара од Тајсон да ѝ бидат вратени 800.000 долари за неисполнети услуги и уште 729.000 долари за залудни продукциски и промотивни трошоци.

Од друга страна, адвокатите на Тајсон тврдат дека „Медиер“ го прекршил договорот затоа што не добиле одобрение од нивниот клиент за промотивниот материјал.

Потсетуваме Пол го победи поранешниот апсолутен боксерски шампион на стадионот на НФЛ франшизата Далас Каубојс.


За учеството во борбата против повеќе од три децении помладиот јутјубер, Тајсон наводно заработил 20 милиони долари, додека Пол заработил двојно повеќе за борбата која се одигра пред 70.000 луѓе.