Кристијано Роналдо (39) ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот.
Во блескавата кариера петкратниот освојувач на „Златната топка“ освои се што можеше да се освои со клубот, а со португалската репрезентација беше европски првак. Ја проби границата од 900 постигнати голови, а има уште најмалку два гола.
Роналдо сака да стане првиот фудбалер во историјата кој постигнал 1.000 голови на официјални натпревари. Тоа е една цел. Вториот сон е оној кој Леброн Џејмс го имаше оваа година, а тоа е играњето со својот син. Џејмс тоа го направи во НБА кога Брони стапна на паркетот покрај него. Роналдо би сакал да остане на теренот доволно долго за да чека да му се придружи Кристијано Џуниор. (14). Тој моментално е во фудбалската академија на Ал Наср, клубот за кој Роналдо дава голови, пренесува "Index".
Ова го откри Рене Меуленстин, тренер кој дел од кариерата мина во Манчестер Јунајтед, а неговата последна работа беше помошник тренер на Австралија.
„Сто проценти го сака тоа. Можеби тоа е неговата мотивација да работи. Реков одамна, нема да си замине како свеќа што полека гори, но има момент кај сите кога нешто ќе се случи и тоа ќе ве приближи до крајот, сакале или не! Но, тој е фит, се грижи за себе и би се обложил дека би сакал да си игра со својот син“, рече Меуленстин.
Роналдо постигнуваше голови за најголемите европски клубови и собори голем број рекорди во фудбалот. Тој е најдобриот стрелец во историјата (910 гола во 1247 натпревари според Transfermarkt). Погодуваше за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Јувентус …