Батлер сака да си замине од Мајами, четири клуба се во игра

Дерби

26/12/2024

11:55

309

Големина на фонт

а а а

Џими Батлер е на излезна врата од Мајами Хит, тим за кој настапува од 2019 година, тим во кој пристигна по епизодата во Филадефија Севентисиксерс.

Батлер според информациите на реномираниот „ЕСПН“ е подготвен да сврти нов лист кариерата и сака преку трејд да ги напушти „жешките“ пред 6 февруари кога е последниот рок. Наводно и Мајами е спремен да даде „зелено светло“ за ваквата операција со тоа што Џими веќе има неколку дестинации кои се привлечни или поточно би сакал да заврши во една од тие организации и тоа Феникс Санс, Голден Стејт Вориорс, Далас Маверикс и Хјустон Рокетс.

Во актуелнава сезона тој заработува 49 милиони долари и има играчка опција за наредната вредна 52 милиони долари која нема наводно има намера да ја одбие за да стане слободен агент наредново лето.

Ветеранот на 20 средби во тековнава кампања бележи по 18,5 поени, 5,8 скока и 4,9 асистенции.