Аморим посочи како Рашфорд може да го врати своето место во Јунајтед

Дерби

26/12/2024

11:57

377

Големина на фонт

а а а

Маркус Рашфорд едно време беше далеку најдобар играч на Манчестер Јунајтед, но во меѓувреме работите се променија и сега напаѓачот воопшто не добива шанса на неколку средби во низа, поточно се на наоѓа на списокот на менаџерот Рубен Аморим.

Рашфорд нема настап од соочување со Плзен во Лига Европа, односно беше изоставен од соочувањата со Манчестер Сити, Тотенхем и Борнмут и едноставно од ден на ден е се поизгледно дека е на излезна врата од „Олд Трафорд“.

Голем дел од јавноста смета дека нема враќање назад, ама менаџерот Рубен Аморим сепак остави простор за промена и посочи што треба Англичанецот да направи за да си го добие своето место.

- Да, ова е моја одлука. Сака да игра, се обидува. Кога ќе почувствувам дека е вистинскиот момент, ќе сменам нешто. Дотогаш ќе продолжам да размислувам што е најдобро за тимот. Зборувам со многу играчи поединечно за време на тренинзите, па се обидувам да ги правам работите на мој начин – тоа е единствениот начин што го знам. Ако не го сторам тоа, ќе се изгубам себеси. И нема да се изгубам себеси. Знам што правам, - вели Рубен кој смета дека оваа ситуација не е проблем за него и за екипата.

- Не, не мислам така. Ниту за мене, ниту за другите играчи бидејќи сите се таму за време на тренинзите. Тие разбираат. Тоа е клучната точка. Навистина сум фокусиран. Сите во Карингтон знаат за што зборувам и што сакам од Маркус и од сите други.

- Мора да биде како секој играч, да биде најдобар што може. Ако имате големи таленти, големи перформанси, голем ангажман, турнете ги сите напред. Некои имаат голема одговорност бидејќи се тука долго време. Ова е можеби еден од најниските моменти во нашиот клуб, па мораме да се соочиме со него и да бидеме силни. Тоа е она што го сакам за секој играч, - порача Аморим пред средбата со Вулверхемптон.