На социјалните мрежи осамна ретко видео каде за прв пат од детството се слуша гласот на Барон Трамп (18), најмладиот син на поранешниот и иден американски претседател Доналд Трамп. Седумнаесет секунди исечокот од документарната серија „Уметноста на брановите“ предизвика голем интерес во јавноста.
Имено, неодамна се појави снимка од изборната ноќ на која за првпат по многу години се слуша гласот на Барон. Во краткото видео, Доналд го запознал својот син со Дејна Вајт, претседател на Ултимејт фајтинг шампионатот (УФЦ). Барон го поздравил Вајт велејќи: „Добар ден, како сте? Мило ми е што конечно Ве запознав“.
На сличен начин, тој претходно се поздравил и со жена надвор од кадарот, а многумина велат дека тоа покажало добри манири кај младиот Барон.
„Меланија Трамп заврши одлична работа со него“; „Тој има одличен глас. Звучи кралски, како да е актер“, „Каков татко, раков син“; „Изгледа дека ги има гените на Трамп“, „Леле, не ни сфативме дека никогаш не сме го слушнале како зборува“, беа дел од коментарите.
NEW: Behind the Scenes on Election Night with @realDonaldTrump.
— Art of the Surge (@ArtoftheSurge) December 5, 2024
Only in Season 2 of #ArtOfTheSurge.
Coming soon. pic.twitter.com/b78HZa4ucV
Во коментарите се истакна дека Барон го има гласот на својот татко. Но имаше и такви кои го споредија неговиот глас со гласот на младиот холивудски актер Тимоти Шаламе, главниот актер од филмот „Дина“.
Последен пат пред ова можеше да се слушне гласот на Барон во 2010 година. Во интервјуто на Лери Кинг беше прикажана снимка во која тогаш четиригодишниот Барон имал словенечки акцент, наследен од неговата мајка Меланија.
Барон Трамп, кој е висок дури 201 сантиметар, моментално е студент на престижната бизнис школа на „Универзитетот во Њујорк“. И покрај неговата импозантна рамка, извори блиски до него наведуваат дека негов омилен спорт е фудбалот, а не боречките вештини, што е особено интересно со оглед на шеговитата забелешка на неговиот татко.
За разлика од другите деца на Трамп, Барон растел далеку од медиумското внимание, пред сè благодарение на напорите на неговата мајка Меланија Трамп. Извори блиски до семејството велат дека Меланија останува главниот носител на одлуки кога станува збор за иднината на Барон и планира да одржи активна улога во неговиот живот за време на вториот претседателски мандат на неговиот татко.
Иако ретко се гледа во јавноста, Барон наводно имал значително влијание врз претседателската кампања на неговиот татко. Доналд Трамп призна дека неговиот најмлад син е одговорен за неговите појавувања во алтернативните медиуми, особено на популарните подкасти како „Искуството на Џо Роган“.