Дејвид Бекам објави тажни вести: „Засекогаш во нашите срца“

Точка

06/12/2024

11:49

4.265

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер и капитен на Манчестер Јунајтед со емотивни зборови се прости од драга личност.

Дејвид Бекам ѝ одаде почит на Кет Фипс, саканата рецепционерка на Манчестер Јунајтед, која почина на 85 годишна возраст.

Во објавата на Инстаграм покрај фотографијата на која ја држи Кет за рака, Бекам напиша: „Засекогаш во нашите срца … Првата и последната личност која секогаш ќе ја видев беше Кет која седеше на рецепцијата на Олд Трафорд и чекаше да ми ги даде билетите за натпреварот. Таа беше срцето на Манчестер Јунајтед, сите знаеја која е Кет и сите ја обожуваа“.


Потоа додаде:

„Се преселив во Манчестер кога имав 15 години, а Кејт им вети на мама и тато: „Ќе го чувам вашето момче, не грижете се“, и од првиот ден до последниот ден кој го поминав со неа, токму тоа и го правеше. Кет, Олд Трафорд никогаш нема да биде ист без твојата насмевка додека поминуваме низ тие врати … Те сакаме“.


Фипс, која се појави во Нетфликс документарниот филм за животот на Бекам, почна да работи во Јунајтед како прв оператор на централата во клубот уште во 1968 година за време на мандатот на Сер Мет Базби.



Во мај 2022 година, по повеќе од пет децении служба, таа ја доби наградата за нејзината работа и придонесот во фудбалот, а Бекам тогаш кажа дека „неверојатната рецепционерка навистина ја заслужила оваа чест поради нејзините услуги за фудбалот и за Јунајтед воопшто.