Ова е песната која најпрво го „покори“ Тикток, потоа останатите социјалните мрежи, а сега и Спотифај

Точка

05/12/2024

10:36

2.970

Големина на фонт

а а а

Објавен е „Spotify Wrapped“ за 2024 година. Иако Тејлор Свифт е најслушаниот изведувач на глобално ниво во 2024 година, првото место на листата на најслушани песни на годината сепак му припадна на некој друг.

Сабрина Карпентер со нејзината песна најпрво го освои Тикток, потоа останатите социјални мрежи, а сега и Спотифај со нејзината песна „Espresso“, која собра 1,6 милијарди слушања на Спотифај.

Оваа песна таа ја претстави во текот на настапот на Коачела 2024. „Espresso“ помина вкупно 21 недела во топ 20 на официјалната листа на синглови, вклучувајќи седум недели на првото место. „Espresso“ исто така помина 14 недели во првите топ 3 на листата „Billboard Global 200“, а стаса до првото место на 1 јуни. Оваа песна го сруши и рекордот за најбрзо постигнати 1,2 милијарди стримови на „Spotify“.

Сабрина со песната „Espresso“ ја освои својата прва „MTV VMAs“ награда за песна на годината за 2024 година.


Глобално најслушани песни на Спотифај

1. „Espresso – Sabrina Carpenter“

2. „Beautiful Things – Benson Boone“

3. „Birds of a Feather – Billie Eilish“

4. „Gata Only – FloyyMenor, Cris MJ“

5. „Lose Control – Teddy Swims“

6. „End of Beginning – Djo“

7. „Too Sweet – Hozier“

8. „One of the Girls – The Weeknd, Jennie, Lily Rose Depp“

9. „Cruel Summer – Taylor Swift“

10. „Die With a Smile – Bruno Mars, Lady Gaga“

Беше на насловната страница на 100-те највлијателни млади лидери на „Time“

Сабрина беше на насловната страница на „100 Next“ листата на „Time“. Листата „Time 100 Next“ е листа на највлијателните поединци кои ја обликуваат иднината на нивните области на делување.


Оваа листа вклучува млади лидери, иноватори и ѕвезди во подем од различни сектори, како што се технологијата, забавата, политиката, спортот и други индустрии.

Таа е една од најпопуларните пејачки на новата генерација

Сабрина моментално е една од најпопуларните пејачки на новата генерација. Во тоа и помогна и Тејлор Свифт, која ја покани Сабрина да гостува на нејзината турнејата „Eras“.



По нејзиното актерско деби во 2011 година, таа ја доби главната улога во серијата на Дизни „Girl Meets World“ (спин-оф на популарната серија „Boy Meets World“. По ова и останатите појавувања во различни серии и проекти на Дизни, Сабрина се сврте кон на музиката, следејќи ги стапките на легендите на Дизни како Мајли Сајрус и Селена Гомез.