Челси одигра нов квалитетен натпревар и ја преслуша Астон Вила на домашен терен, а победата од 3:0 беше зачинета со спектакуларен гол на Кол Палмер.
Најдобриот играч на Челси уште еднаш ја покажа својата класа и го доби МВП признанието по крајот на натпреварот, награда која го натера да се потсмева со еден од играчите на противничкиот тим.
Палмер е добар пријател со Морган Роџерс од заедничкото време во Академијата на Манчестер Сити, па откако го победи на теренот, реши да му фаќа сеир на социјалните мрежи.
Англискиот репрезентативец ја откри преписката која ја имал со Роџерс пред дербито на „Стемфорд Бриџ“, а притоа го покажа и МВП трофејот добиен од Премиер лигата.
– Нема да постигнеш гол против Вила…, – гласи пораката од Роџерс на Снепчет, по што Палмер му возвратил:
– МВП признанието ќе го понесам со себе…
Cole Palmer kept his word to Aston Villa's Morgan Rogers 😂🥶
— ESPN FC (@ESPNFC) December 1, 2024
(via colepalmer10/IG) pic.twitter.com/zc7rArupra