Макс Ферстапен уште еднаш покажа дека може да биде најдобар и во ситуација кога го нема најбрзиот болид во Формула 1, бидејќи денеска Холанѓанецот стигна до 63-та победа во својата кариера.
Хаотичната трка во Катар заврши со победа на старо-новиот светски шампион, кој очигледно денеска имаше уште поголем мотив за првото место после заплетот во квалификациите.
Макс вчера ја освои пол-позицијата со најбрзиот круг кој го извозе на Лусаил, но неколку часа подоцна остана без првото место поради одлуката на стјуардите.
Одговорните лица проценија дека Ферстапен намерно возел невнимателно и бавно во ситуација кога зад него беше Џорџ Расел, па по инсистирање на Британецот, Макс заработи казна.
Во такви ситуации, Ф1 ѕвездите секогаш заедно се во иста соба со стјуардите при донесувањето на одлуката, а Макс денеска не криеше дека останал разочаран од сите обиди на Расел да му ја „украде“ пол-позицијата.
– Дали зборував со Расел за тоа вчера? Не, но не ни планирам. Знаете што, тој секогаш се обидува да биде учтив пред камерите, но кога го запознавате лично, се претвора во сосема друга личност. Искрено, не можам да го поднесам!
– Најдобро е да оди по ѓаволите, не сакам да имам ништо со него. Ја загубив цела почит кон него, – гласи изјавата на лутиот Ферстапен.