Пеп Гвардиола ја бележи најлошата резултатска серија во својата тренерска кариера, а кризната беше продлабочена со нов неуспех и пораз во дербито со Ливерпул.
Поразот од 2:0 значи дека Манчестер Сити нема победа на последните седум натпревари во сите натпреварувања, но билансот од едно реми и дури шест неуспеси дефинитивно не е нешто на што не навикна англискиот шампион.
За да биде работата уште потрагична за Гвардиола, шпанскиот стручњак беше предмет на потсмев на „Енфилд Роуд“ во завршницата од дербито, па откако фановите на Ливерпул почнаа да му пејат дека ќе заработи отказ уште во раните утрински часови, Пеп одговори со кренати шест прста.
“You’re getting sacked in the morning.” pic.twitter.com/fX9EPI2I1X
— EPL Bible (@EPLBible) December 1, 2024
Шпанецот јасно алудираше на шесте освоени титули во Премиер лигата во последните седум години, па бидејќи на овој начин влезе во „војна“ со навивачите на „Енфилд“, Пеп мораше и да се дообјаснува на пресот.
– Можеби навивачите се во право, можеби треба да заработам отказ поради резултатите во последно време. Најверојатно не се случува тоа поради шесте освоени титули.
– Да бидам искрен, не го очекував ова на „Енфилд“. Не го правеа тоа на 1:0, но го направија на 2:0. Можеби требаше да го прават ова во минатото, требаше да ја пејат таа песна во минатото, а не сега кога ја користат предноста.
– Не го очекува ова од луѓето во Ливерпул, но тоа е што е. Ова е дел од играта, го сфаќам тоа и целосно го прифаќам. Имавме неверојатни битки со нив изминативе години, некогаш победуваа тие, некогаш ние. Ги почитувам и покрај ова денеска, – изјави Гвардиола.