Дани Олмо и понатаму е еден од асовите за кого доста се говори за шпанската јавност, а причината за тоа е неговата регистрација и тоа дали Барселона конечно ќе ја реши оваа процедура и затвори ова прашање.
Во таборот на каталонците се мирни, спокоен и и самиот фудбалер за кого е одлична година, година во која го оствари сонот и се врати дома во клубот во кој беше дел од младите категории.
- Ова беше многу посебна година за мене, но тоа е само почеток. Чувствувам дека има уште толку многу пред мене. Сакам титули со Барселона и со Шпанија.
- Не се двоумев кога се јави Барселона. Доаѓањето овде, каде што се моето семејство и пријателите, беше сон што можеше да стане реалност, - истакна Дани кој има учинок од 6 гола и 1 асистенција на 15 одиграни средби во сите конкуренции.