[ВИДЕО] Скандалот за кој зборува Европа: Мајка на млад фудбалер му удри шлаканица на судијата, тој ја турна – мораа да се разделат

Точка

25/11/2024

17:03

2.066

Големина на фонт

а а а

На фудбалските судии не им е лесно, особено кога не се на најголемата сцена. Доказ за тоа доаѓа од шпанските терени и дуел на 12-годишници.

Снимката доаѓа од Андалузија каде се играл натпреварот меѓу Алхендин и РЦД Еспањол Алболот од третата лига.

Мајката се налутила од арбитражата, па решила да истрча на теренот. Таа му удри шлаканица на судијата со десната рака.

Судијата решил да ја оттурне од себе, а таа повторно се обидела да го удри. Таа тргнала кон него кога меѓу нив се појавиле други луѓе.

Шпанските медиуми потсетуваат дека третманот на судиите на пониските фудбалски нивоа е уште полош.

По натпреварот помеѓу младинските екипи на Сеута и Меиље, судијата бил претепан откако родителите го чекале по натпреварот. Друг судија доживеа слична судбина кога родители го сретнале пред соблекувалната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг