Андре Онана е добитник на признанието „Фудбалерско влијание“ за 2024 година, кое го доделува ФИФПро, а Камерунецот го заслужи своите хуманитарни активности во татковината и поголем дел од Африка.
Голманот на Манчестер Јунајтед има своја фондација со која им помага на сиромашните во Камерун и други земји, а во фокусот на фондацијата се бесплатно здравство и бесплатни оперативни зафати за голем број жители во супсахарскиот дел на Африка.
Медицинските лица кои работат со фондацијата веќе имаат направено 1200 оперативни зафати во период од само три години, а Онана планира да продолжи со помошта и наредниот период.
– Кога поминував низ Барселона, Амстердам и Милано на патот до Манчестер Јунајтед, добивав помош од многу луѓе. Кога бев паднат, тие ми подаваа рака за да станам, никогаш не сум го заборавил и поради нив имам обврска и јас да им помагам на оние кои имаат таква потреба, вели Онана, кој е втор играч на Јунајтед кој го добива признанието. Претходно и Маркус Рашфорд беше испочитуван со истото поради својата кампања за бесплатен оброк за децата од посирамошните британски слоеви во училиштата во 2020 година.
ФИФПро или Светската асоцијација на професионални фудбалери ќе донира 10.000 долари во фондацијата на Онана.