Денвер загуби со убедливи 113:145 во дуелот со Њујорк на домашен терен, а новинарите по долго време имале можност да се соочат со разочаран и нервозен Мејк Мелоун.
Тренерот на Нагетс бил лут на своите кошаркари, не толку поради поразот, колку што поради пристапот и начинот на кој се однесувале на теренот.
Вестбрук постигнал 27 поени, а Јокиќ уфрлил 22, па Мелоун индиректно ја критикувал и првата ѕвезда на тимот.
– Нема да го заборавиме овој пораз, не само поради што примивме 145 поени, туку поради тоа што не се трудевме и не игравме добро.
– Ни беше потребен Јокиќ, ни беше потребен Мареј, потребни ни се лидери меѓу членовите на првата петорка. Вечерва бевме посрамотени, противникот беше мотивиран, а ние веројатно мислевме дека треба само да излеземе на терен по победат над Лејкерс, – рекол бесниот Мелоун.
Денвер наредниот период има две врзани гостувања и тоа кај Јута и Л.А Клиперс.