Реал Мадрид се најде во резултатска криза и Карло Анчелоти се обидува да го врати тимот во посакуваниот ритам, додека истовремено и вториот тим на „кралскиот клуб“ има уште посериозни проблеми во својот ранг на натпреварување.
Реал Мадрид Кастилја е предводен од клупската легенда Раул Гонзалес, но во моментов се наоѓа во зоната за испаѓање и затоа се појавија шпекулации дека може да биде направена тренерска смена.
Гути како уште еден поранешен играч бил дел од комбинациите кои се појавија во медиумите, но тој самиот изјавил дека не планира да прифати таква понуда.
– Веднаш би ја одбил понудата на РМ Кастилја.
– Таа етапа е завршена за мене, не сум заинтересиран да бидам тренер во младинската академија. Резервниот тим не би бил предизвик за мене, она што може да ме инспирира во моментов е работење со фудбалери чија амбиција е да бидат во првиот тим и да настапуваат во него, – рекол Гути.
Б тимот на Реал освои само 13 бодови на 14 одиграни натпревари во третата лига.