Путин најде нови регрути за војната во Украина!

Точка

25/11/2024

21:33

1.996

Големина на фонт

а а а

Стигнаа нови платеници за Русите од далечна земја – еве колку пари им ветиле. Некои мислеле дека ќе склопуваат дронови.

„Фајненшл Тајмс“ објави дека Русија регрутирала јеменски бунтовници Хути за војната во Украина.

Русија, наводно, регрутирала стотици платеници од Јемен преку компанија поврзана со Хутите, бунтовниците од таа земја, при што некои биле доведени со лажни ветувања.

Ова го објави „Фајненшл Тајмс“, повикувајќи се на сведоштва од јеменски платеници кои тврдат дека им биле ветени високи плати, па дури и руско државјанство, пред насилно да бидат испратени да се борат во Украина како дел од руските трупи.

Al Jabri General Trading and Investment, јеменска компанија поврзана со Ал Џабри, еден од водачите на Хутите, кој наводно посредувал во регрутацијата, одби да одговори на прашањата на „ФТ“.

„Киев Пост“ потсетува дека Хутите од ноември 2023 година напаѓаат бродови во Црвеното Море, насочени кон израелски пловила и глобалната трговија, што ги принудува компаниите да ја избегнуваат рутата преку Суецкиот канал.


Еден од јеменските регрути, претставен под псевдонимот Набил, изјави за „ФТ“ дека бил дел од група од околу 200 Јеменци кои станале дел од руските сили по пристигнувањето во Москва во септември.

Набил рече дека бил привлечен од заработка во сектори како „безбедност“ и „инженерство“, а меѓу неговите сонародници имало и искусни борци. Сепак, повеќето од нив немале никаква воена обука.

Тој тврди дека биле измамени да отпатуваат во Русија и да потпишат договор за приклучување кон армијата на Владимир Путин, напишан на руски, што не го разбирале.

„ФТ“ наведува дека добиле видео на кое се гледа Набил и други јеменски регрути во Украина за време на воздушни напади извршени од украинските сили.

Друг јеменски регрут, Абдула, изјави дека му ветиле бонус од 10.000 долари, месечна плата од 2.000 долари и можност да добие руско државјанство ако отиде во Русија за да работи на производство на дронови.

По пристигнувањето во Москва на 18 септември, бил одведен на локација на пет часа од главниот град, каде што бил принуден да потпише договор презентиран од лице со основно познавање на арапски јазик.

Абдула тврди дека оние кои одбивале да потпишат биле заплашувани со пукање над нивните глави.


Тој рече дека повеќето јеменски регрути загинале во Украина, а само 11 се вратиле во Јемен преку Оман со помош на Меѓународната федерација на јеменските мигранти.

Фареа ал Муслими, експерт за Персискиот Залив при „Чатам Хаус“, изјави дека сиромаштијата во Јемен го прави лесна цел за регрутација.

– Русија бара војници, а јасно е дека Хутите регрутираат... Јемен е премногу сиромашна земја – рече Ал Муслими.

„ФТ“ додава дека ваквите активности покажуваат колку „Русија е поблиска до Иран и неговите сојузници на Блискиот Исток“.

Тим Ландеркинг, специјален пратеник на САД за Јемен, изјави дека Москва преговара со Хутите и за трансфер на оружје.

– Рускиот персонал во Сана го продлабочува тој дијалог. Видовите оружје за кои се дискутира би им овозможиле на Хутите попрецизно да ги таргетираат бродовите во Црвеното Море и пошироко – рече тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг