Шокантно сведоштво на Кешишев: „Палчо ми ја даде сменетата изјава за да ја препишам со мој ракопис, ја доставив до судот од страв“

Точка

25/11/2024

12:59

3.325

Големина на фонт

а а а

Обвинетиот Влатко Кешишов на крајот на денешното рочиште кажа дека изјавата дека Љупчо Палевски-Палчо не бил присутен за време на грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски не била негова. Ја напишал под принуда на Палевски додека со комбе биле спроведувани заедно во затвор каде издржуваат притвор.

Тој појасни како била напишана изјавата.


– Еден од обвинетите што беше таму со мене ми даде ливче, требаше да напишам со мој ракопис и да го дадам на вас. И јас го направив тоа од страв. При транспортот во судот Палчо ми даде ливче, бидејќи бевме сами назад, на два пати нѐ пренесуваа сами, изјави Кешишев, откако неговиот адвокат побара тој да се произнесе по однос на изјавата која беше доставена на изминатото рочиште до судот во која стоеше дека обвинетитот Кешишов вели дека Палчо нема врска со убиството, туку дела тоа го сториле останатите тројца обвинети.

Во изјавата пак се тврдеше дека Палевски ниту на 22-ри ноември ниту на 27-ми, кога се случија грабнувањата и убиствата не бил со останатите обвинети, туку спиел во штабот на пртијата „Десна“. Пишуваше и дека Боре Видевски и Велибор Манев биле заедно на местата на настаните во Велес и Скопје и дека Манев му вршел притисок да изјави дека Палевски е органзатор и извшител на убиствата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг