[ФОТО] Хаос во Црна Гора: Навивачите ги нарекоа противниците усташи и фрлаа по нив со шишиња

Макфакс

25/11/2024

18:55

561

Големина на фонт

а а а

Хаотичен ракометен натпревар се одигра во црногорското првенство помеѓу Ловќен и Беране во Беране. Гостите Ловќен од Цетиње победија со 26:22, но натпреварот едвај се одигра до крајот поради бројните инциденти на трибините.

Домашните навивачи испратија силни просрпски пораки. Го величеа Дража Михајловиќ, четнички војвода и воен злосторник, извикуваа „Косово е Србија“. Играчите на Ловќен се нарекуваа усташи, а врз нив биле фрлани и стаклени шишиња.

На видеото кое го објави „CG Sport“ се гледа и се слуша скандирање, а локалните навивачи сакаа да влетаат на теренот. Натпреварот три пати беше прекинат.

blockquote class="twitter-tweet">

Ovako su se igrači Lovćena proveli u #Berane

“U finišu utakmice Beranci su rukometaše cetinjskog tima gađali predmetima među kojima su bile i staklene flaše, a pojedinci su pokušali i da uđu na teren i fizički se obračunaju sa igračima crnogorskog šampiona”.

“Utakmica je tri… pic.twitter.com/th8GHTqIc9

— CGsport.me (@cgsportme) November 25, 2024

Ловќен е актуелен шампион на Црна Гора во ракомет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг