Георгина Родригез објави неколку нови фотографии на Инстаграм направени во Ријад, Саудиска Арабија.
Таа уживаше во прошетката низ природата, а чизмите кои ги носеше го привлекоа вниманието на нејзините следбеници. Станува збор за модел на брендот Шанел чијашто цена изнесува околу 2000 евра. Нејзината објава досега собра повеќе од 2 милиони лајкови.
Партнерката на Кристијано Роналдо неодамна сподели како изгледа нивниот нов дом во Ријад, и предизвика голем интерес на обожавателите. Инаку на почетокот од 2023 година, парот се пресели во Саудиска Арабија, каде Роналдо ја продолжува својата фудбалска кариера.
На својот профил на Инстаграм и ТикТок, Георгина објави видео со опис „нов дом“, и ги израдува своите следбеници кои се желни за сите детали од нивниот нов живот.
На Инстаграм многумина го пофалија дизајнот на домот, пишувајќи коментари како: „Преубаво“, „Прекрасна декорација“, „Мојот дом од соништата“, „Изгледа прекрасно“ и „Многу елегантно“.