Една од најубавите жени во светот, бразилскиот топ модел Адријана Лима, го роди своето трето дете во август 2022 година. Имено, таа стана мајка на момче, по двете прекрасни девојчиња кои ги има од бракот со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ.
Лима беше на снимањето на познатото шоу „Добро утро Америка“ во Њујорк заедно со својот свршеник, францускиот филмски продуцент Андре Лемер и нивниот син на кого му го дадоа името Цијан. Лима во својата приказна на Инстаграм објави фотографии од преслаткиот син и ја воодушеви јавноста.
Adrijana Lima pokazala sina. pic.twitter.com/SVTfYJa82n
— Arsil (@arsagarson) November 18, 2024
„Цијан е бојата помеѓу зелената и сината на видливиот спектар на светлината. Цијан е бојата на водата на Бора Бора и Малдивите, места на нашата семејна листа.
Добредојде во нашиот свет Цијан Лима Лемер“, напиша таа во описот на фотографијата на која се гледа прекрасното око на бебето Цијан.