[ВИДЕО] Легендарните К15 собрани во кафеана со ракија и мезе: „Денеска е голем ден …“

Точка

23/11/2024

16:04

4.214

Големина на фонт

а а а

Легендарното трио К15, со чиј сарказам и хумор растеа многу генерации, денес слават 30 години од емитувањето на првата епизода од оваа историска ТВ емисија.

Во нивен препознатлив стил, тие се собраа во кафеана и оттаму преку интересно видео им се обратија на своите фанови. Имено, тие на тој начин сакаа да одбележат три децении од своите почетоци, но и да се заблагодарат на публиката која отсекогаш навивала за нив.

Деновиве интернетот е „преплавен“ со „бубачката“ која ја пушти Бранко Огњановски (Миле Паника) дека неповторливото шоу повторно се враќа.

Но, не кажа како, каде и кога. Мистериозната објава ги заинтригира и израдува македонските гледачи. Народот е желен за добар хумор, посебно во овие времиња, а како овие тројца момци го планираат нивниот камбек, останува да видиме.

Погледнете го видеото во целост.

„Јас нигде не сум бил, па да се враќам“, вели незаменливиот Бубо Каров (Цацко).

„Абе треба нешто да направиме, ама да седнеме на раат. Не вака, на трчање … Да направиме софра како што треба“, се надоврзува Васко (Тошо Малерот).

„Ајде, размислете убаво што ќе правиме, оти јас морам да одам … едни неготинци тука ме чекаат“, продолжува Цацко и сите наздравуваат.

„Добро, нешто ќе правиме сигурно. Дали ќе биде документарен филм, дали ќе биде во живо, дали ќе биде во живо емисија … Ќе ви јавиме со десертот. А вие ако сакате да честитате роденден, направете го тоа во коментари“, го завршува Бранко ова видео.




Спонзорирани линкови

Маркетинг