[ФОТО/ВИДЕО] Хотел за најхрабрите: Дали би ја поминале ноќта во капсули лоцирани над провалија?

Точка

22/11/2024

20:09

11.935

Големина на фонт

а а а

Хотелот „Ово Патагонија“ многумина го опишуваат како сместување за најхрабрите, бидејќи стигнувањето до него вклучува планинарење, искачување по козји патеки и преноќување во капсули кои „висат“ над бездна,

Сместувањето се состои од проѕирни капсули кои висат од камен ѕид речиси 275 метри. Пристапот вклучува пешачење длабоко во аргентинска Патагонија, проследено со качување по стрмни карпи со помош на јажиња. За ова искуство се потребни појаси, кациги и многу храброст.

„Сакаме да доживееме уникатни искуства во контакт со височините и во контакт со нашето најинтимно искуство на излегување од нашата комфорна зона“, изјави основачот на хотелот Езекиел Руте за „Форбс“.


„Тоа е всушност нашиот слоган: ‘Излезете од вашата комфорна зона во удобност’“.

Аргентинскиот авантурист повеќе од една деценија вежба одење со сајла меѓу планински карпи, заедно со соосновачот на хотелот, архитектот Луис Апарисио.


По повеќе од три години работа со специјализиран тим од планинари, инженери и геомеханички техничари, највисокиот хотел на светот ќе биде отворен во декември. Она што основачите го најавуваат е многу повеќе од ноќно гледање ѕвезди во Патагонија.

Искусни планински водичи ќе ги придружуваат гостите нагоре и надолу, ќе им доставуваат вечера и појадок и ќе спијат во близина со вклучено радио. Гостите можат да им се јават во секое време ако им треба некаква помош.


Гостите можат да резервират ноќевање во хотелот (од 1.600 долари за двајца), со можност да останат три ноќи (без да доплатат) во блиската „Естансија Бонанса“.


Секоја од четирите капсули има дизајн на три нивоа и многу карактеристики на луксузна хотелска соба. На најгорното ниво има кадифен кревет, кој го исполнува најголемиот дел од просторот. Средното ниво е за дневната соба, мала трпезариска маса и бањата, во која има тоалет и проточна вода за мијалник. На најниското ниво има мрежаста нишалка, која нуди уште една област за одмор.


Овој хотел официјално се отвора следниот месец.