[ФОТО/ВИДЕО] Необичниот хостел во кој спиете меѓу илјадници книги е еден од најпосебните на светот: Цената на ноќевање е прифатлива, а посетителите се воодушевени

Точка

17/11/2024

17:28

756

Големина на фонт

а а а

Читате неколку страници од вашата омилена книга, па потонувате во сладок сон. Ова е многу добро позната ситуација, која е секојдневие за љубителите на читањето, пишува „Путни кофер“.

Но, ако сте во Јапонија, тогаш тоа е навистина посебно искуство. Особено ако преноќите во хостелот „Бук енд бед“, уникатно сместување кое претставува необична комбинација од библиотека и хостел.


Вирален хит меѓу библиофилите

„Бук енд бед“ е еден од најпопуларните „капсулни хостели“ во Јапонија, каде сместувањето е сведено на прилично минијатурни соби во кои има место само за кревет и кои често претставуваат многу практична опција за сместување, особено кога станува збор за цената. Но, овој хостел е и „рај“ за љубителите на кигите, што му дава дополнителна атмосфера.


„’Бук енд бед’ своевремено беше вирална сензација меѓу страствените читетели и гуруата за стил, кои се восхитуваа од книгите што ја покриваат речиси секоја површина на хотелот. Дел е библиотека, а дел хостел. Всушност, гостите спијат во мали, пријатни капсуни, сместени зад полици за книги. Секоја капсула доаѓа со закачалка, влечки и кабинет“, пишува „Калчр трип“.


Хостел со необичен концепт

Сопствениците на овој хостел го опишуваат како „хостел со концепт на библиотека каде што можете да престојувате“.

„Можете да се нурнете во 4.000 книги, кои се во големата соба со книги, да заспиете на креветот и да запознаете други љубители на книги“, велат тие и додаваат дека кај нив постои опцијата и само малку да дремнете, а нудат и храна и пијалоци.


Според рекламата на „Букинг“, хостелот се наоѓа во непосредна близина на тематскиот парк „Мистери сиркус“ и неколку познати трговски центри.

Од хотелот наведуваат и дека нудат појадок, а аеродромот е на 30 километри од нивната локација. Цената за ноќевање по лице е околу 50 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг