Маск бара „револуционери“ кои ќе работат бесплатно 80 часа неделно: Ги разгневи сите со огласот, веќе почна да „дивее“!

Точка

15/11/2024

17:56

759

Големина на фонт

а а а

Претходно оваа недела, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го објави назначувањето на Маск и Рамасвами за лидери на новиот Секретаријат за ефикасност на владата.

Еден од лидерите на новоформираниот Секретаријат за владина ефикасност во администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Илон Маск објави оглас за вработување во кој бара „револуционери со висок коефициент на интелигенција“ кои се подготвени да работат 80 часови неделно без надомест, објави „Guardian“.

Тој на својот профил на "X" напиша: „Не ни требаат повеќе генератори на идеи со скратено работно време. Потребни ни се револуционери за мала влада со супервисок коефициент на интелигенција, кои се подготвени да работат 80+ часа неделно во рамките на негламурозното намалување на трошоците“.


Тој додаде дека заинтересираните треба да испратат CV на неговиот профил на мрежата Х, додавајќи дека и неговиот колега ќе разгледа дел од апликациите.

„Навистина, ова ќе биде напорна работа, ќе создадете многу непријатели, а нема да имате надомест. Колку добар договор! “, напиша Маск и додаде насмеан емотикон.


Маск претходно најави дека неговата цел е да го намали федералниот бирократски систем за една третина и да заштеди две милијарди долари за американската влада, велејќи дека за таков потфат потребно е да се минат „привремени потешкотии“.

Претходно оваа недела, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го објави назначувањето на Маск и Рамасвами за лидери на новата Канцеларија за ефикасност на владата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг